Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои осмото место на Младинските Олимписки игри во Дакар во трката на 100 метри. Таа беше дел од финалната трка во која настапија вкупно девет атлетичарки, остварувајќи резултат со време од 12,28 секунди.

Претходно Митевска настапи во полуфиналната фаза, каде патеката ја истрча за време од 12,58 секунди. Со овој резултат таа се пласираше како четвртопласирана во својата група и со тоа успешно обезбеди директно место во финалната трка.

Покрај Митевска, македонската делегација во Дакар ја сочинуваа уште двајца спортисти, меѓу кои Петар Цеков во пливање на 400 метри слободно и Марио Брезовски кој се натпреваруваше во триатлон.