Едно лице е тешко повредено и во животно-загрозувачка состојба пренесено во гостиварската болница во пожарот што избувна во зграда во Гостивар.
Според очевидци и станарите, пожарот избувнал утрово пред 8 часот по што се појавил чад и станарите од зградата на улицата „Кеј Вардар“ почнале да ги напуштаат домовите.
Дежурниот пожарникар Изет Изети за МИА изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за половина час го лкализирале пожарот. Првичните сознанија се дека пожарот се појавил во една од собите на станот во кој престојувало повеќечлено семејство. Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете кое набрзо е пренесено со брза помош во градската општа болница.
Според станарите, брзата интервенција на пожарникарите спречила ширење на пожарот и поголема штета.