Од СВР Охрид јавуваат дека директно се судриле две возила Голф и Тојота. Возачот од Голфот починал на лице место.
Во сообраќајката има и неколку повредени, увидот се уште трае, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.
Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со голем застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво.