Повторно за пакетот на закони кои што со европско знаменце сакаат да се протуркаат во законодавниот дом, а со цел да се покријат сите аномалии во договорот кој што извршната власт ги презела обврските за кои што не е надлежна. Ова повеќе пати го елаборивме, но од страна на извршната власт нема ни глас ни траг, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов.
Тој од собраниската говорница каде што на пленарна седница по брза постапка, односно со европски знаменце, се дискутира за измените на Законот за урбанистичко планирање запраша, зошто не се скратија роковите да се постапува согласно позитивните законски прописи, а се пристапи кон кратење на цели постапки или делови од постапката за издавање на одобрение на урбанистичко планска документација и сите пропратни документи, елементи кои што треба да ги содржи процесната постапка за да се биде покриено и истите вакви законски решенија, кој што ги носите, да немавте потреба да ги носите.
Евтимов додаде дека со добра организација на државната управа, можеа да се скратат роковите и се да биде запазено, со што ќе се отргнеше целокупната ситуација на сомнежи за против правни дејанија и лукративни причини кои што ги имаат нарачателите, односно инвеститорите, а во дадениот момент инвеститор е Владата и извршната власт.
„Прескокнувате постапки со што, во текот на постапката, ќе се соочите со многу проблеми кои што ќе ги решавата ад хок и дополнително ќе навлегувате во против законски дејанија. Со овие законски решенија сакате да озаконите нешто што не е законско. Тоа е целта на на сите овие закони кои што протуркувате и сакате набрзина да ги донесете. Со вака доставени предлог законски решенија и конкретниот закон, сакате да ја исклучите јавноста од постапките и увидот во начинот на изведување на овие проекти, бидејќи допрва ќе видиме урбанистичкиот проект нема да биде пред бележан ниту во Агенција за катастар за недвижности, односно ќе нема предбележување, а со тоа ќе нема предвидливост каде ќе се одвиваат активностите и на кој дел ќе се врши трасата“, истакна Ефтимов.
Пратеникот додаде дека меѓу другото, власта ги елеминира и сите постапки за електронско издавање на одобренија и електронски постапки, за што и самите цело време се фалат за дигитализација на органите.
„Дополнително на тоа, ги елиминирате сите досегашни постапки во однос на електронско издавање на одобрение и електронски постапки, за што секогаш се фалите за дигитализација на органите, овде ги заобиколувате начинот на издавање на овие документи и единствено пристапувате кон хард копи варијанта, тоа значи дека под притисок на претпоставените, во секој момент ќе можат да бидат ставени дополнителни документи или извадени, одредени документи од самиот предмет кој ќе биде формиран и уредно заверен“, посочи пратеникот Ефтимов.