Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска повика да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа и рече дека Каиро продолжува да се залага за да се спречи ескалација на конфликтот што може да го дестабилизира регионот.

Масовното бомбардирање од страна на Израел и целосната опсада на Газа, исто така, предизвика тревога во Египет, кој граничи со палестинската енклава на југ и ја контролира главната излезна точка за сите 2,3 милиони жители таму. Египет соопшти дека сака да ја олесни испораката на помош преку преминот „Рафах“, но исто така изрази несогласување жителите на Газа да бидат принудувани да преминат на југ преку границата.

Каиро додаде дека ја насочува меѓународна помош за Газа кон аеродромот Ал Ариш на северниот дел на Синајскиот Полуостров, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи. Блискиот премин „Рафах“ меѓу Синај и Газа останува отворен, а Египет побара од Израел да избегнува да ја напаѓа палестинската страна на преминот, откако нападите го нарушија нормалното функционирање таму, соопшти Министерството.