Од Европската Комисија не сакаат да откријат во кој правец ќе се движат разговорите утре во Скопје, ниту дали ќе има пораки до Бугарија во врска со блокираниот ЕУ процес за Северна Македонија.
Засега единствена порака што ја пренесуваат службите на фон дер Лајен е дека ЕУ држи до регионот.
-Таа ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Северна Македонија е дел од пошироката дискусија, целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, рече Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.