Според ЕК, таков договор е итен и суштински за Косово и Србија да можат да продолжат напред по својот пат кон ЕУ.
Во извештајот, меѓу другото се наведува дека политичката нестабилност и пандемијата влијаат на напредокот во спроведувањето на европската агенда за реформи во Косово.
Затоа ЕК ги повикува институциите на Косово да дадат приоритет на спроведувањето на европската агенда.
Извештајот за напредокот на Косово ја нагласува политичката нестабилност на Косово. Исто така, се споменуваат парламентарните избори во февруари и формирањето на Владата на Косово во март, но се нагласува дека во поголемиот дел од периодот опфатен со овој извештај, имаше „политичка поларизирачка атмосфера“.
ЕК, исто така, ја нагласува ситуацијата во северно Косово, во однос на корупцијата, организираниот криминал и условите за слобода на изразување, потенцирајчи дека ситуацијата во овој дел се уште е тешка.
Европска Унија истакнува дека во Косово има одредено ниво на подготовка во борбата против корупцијата, но дека тоа е во рана фаза.
-За време на извештајниот период, постигнат е ограничен напредок, вклучително за истраги и пресуда за случаи на високо ниво, како и ограничен напредок во борбата против организираниот криминал се посочува во извештајот на ЕК.
ЕК сепак, истакнува дека Косово постигна напредок во борбата против тероризмот, „особено во рехабилитацијата и реинтеграцијата на странските борци и нивните семејства“.
ЕК е критична кон судството, бидејќи се проценува дека спроведувањето на правдата продолжува да биде „бавно, неефикасно и чувствително на политички влијанија“. Стратегијата и акциониот план за владеење на правото, усвоени во август 2021 година, се гледаат како позитивна точка за Косово.