Механизмот, кој беше воспоставен од јануари, е „доволно зрел за употреба“, рече чешката комесарка задолжена за „вредности и транспарентност“, без да открие за кои земји ќе се применува.
Механизмот може да се спроведе пред крајот на октомври.
Унгарија и Полска се на мета на Брисел поради реформите за кои се верува дека ја поткопуваат независноста на судовите.
Будимпешта и Варшава, кои ја оспоруваат законитоста на механизмот, поднесоа жалба до Судот на правдата на ЕУ. Расправата е закажана за 11. и 12 октомври, а одлуката се очекува за неколку месеци.