Нема полошо од приучен човек, кој за личен бенефит глуми нешто за што нема „тапија“. Така денес во Македонија има инфлација на вакви глумци во речиси сите општествени сфери. Политичари, аналитичари, НВО активисти, коментатори, пара-здравствени експерти, ловци на шпиони, фанатици, кои без око да им трепне застапуваат застрашувачки тези кои на среден и долг рок прават ненадоместливи штети.

Пишува: Виктор ГРОЗДАНОВ

Такви се и неколкумина самонаречени еко активисти од Струмичката Котлина кои немаат соодветно образование за тоа што го застапуваат и го бранат. Во случајов здрава животна средина – екологија. За да зборувате на оваа тема се подразбира дека е логично да имате стручна наобразба и познавање од: Фармација, Земјоделие, Машинство, Петрохемија, БиоХемија, Полимери, Металургија, Текстил итн. Со било кој ваков тип на образование знаеш како загадуваш и како тоа да го спречиш. Личности со ваков „бекграунд“ е логично да бидат екологисти и со целиот свој расположив капацитет да дадат свој придонес на темата рударска индустрија, без разлика дали е критика или поддршка. Но, ниту еден од нив кога знае дека Македонија поседува во вкупна вредност околу 20 милијарди првична металична руда (анализа само за минимален процент земјена површина во државата) и знае дека нејзината екслоатација со новите методи е сигурна по здравјето на луѓето и целата животна средина разумно и логично е да ја каже следнава: Мора да вложуваме во рудниците за да ја осигураме нашата економска иднина и предност даваме на нашите партнери од НАТО Алијансата, особено што можеме како една гранка да развиваме репро материјали кои се користат во наменската (воена) индустрија.

Затоа има Еко активисти кои затрупуваат бунари со питка вода ископани на длабочина од 70 и 210 метри со оправдание дека така ја спасуваат планината во струмичко. Таа вода во тој регион е наменета за народот да пие нормална, а не вода со каменчиња, како што е во моментов. Затоа тука се ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ кои не само што немаат соодветно образование за да коментираат и да бидат рамноправен партнер на вакви теми туку користат закани од следниов тип: Нема да има рудник и точка, ќе се радикализираме па макар и погинале, ама и сакаат да ги навлечат здраворазумните со насилнички изјави за да ја направат дебатата беспредметна во очите на граѓаните и да ги фрлат во депресија и да им ги уништат нивните животи по секоја цена. ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ за да бидат сеуште актуелни имаат желба да глумат „Ал Каеда“, а не им текнува дека со промоцијата насилство им се случуваат две работи. Покажуваат нервоза бидејќи плановите на нивниот налогодавач се прочитани и полека но сигурно ги напуштаат оние кои сега разбираат дека ги ставале во заблуда за лична корист.

Последните настапи со стигматизација на новинарот Александар Чомовски и амбасадорот Јован Донев од страна на одреден политички аналитичар и ЕКО (РУ)СИЛНИК маглата на измами за развој на југоисточниот крај во Македонија се крена. За двајцата стигматизирани можеш да кажеш се’ ама не и следниве работи. „Чомот“ најмалку од се е полуписмен новинар, во периодот 2004 и 2007 година ги имаше најгледаните и со најголема доверба вести и емисијата „Чуму“ на ТВ А1, а во 2006 година феноменално избалансира помеѓу политичките желби на Велија Рамковски и уредувачката политика на А1ТВ. Ова е за на факултети да се учи.

Другарот Јован Донев го знам од времето на здружение на фонограмски продуценти. Иако бевме на спротиставени страни сепак се’ беше на џентлменски начин изведено, посебно со заклучокот дека државата не слуша и ден денес за оваа проблематика. Јован Донев како амбасадор во Обединетото Кралство носител на Комонвелтот (политички „дрматори“ во светот) точно знае дека има богатство од 20 милијарди евра во Македонија и во ситуација на две војни (Русија-Украина и Израел-Палестина(Хамас)) со истото полесно можеме да ја планираме иднината.

Сега на сите им е јасно која е целта на ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ. Тоа е следново:

Сакаат да ја исцрпат и уништат на економски план Македонија, а со посебен аспект на куповната моќ на обичниот граѓанин
Работат за одреден Центар на Моќ кој не и’ мисли ништо посебно добро на Македонија во геополитичка и економска смисла.
А, нашата цел е да им ги објасниме следниве работи на граѓаните:

Паметните луѓе се будат и почнаа на глас да размислуваат

Паметните луѓе велат: Рудното богатство кое е 20 милијарди евра (првично најдено) е на сите граѓани на Македонија кое заедно со металургијата се проценува да достигне до 70 милијарди евра

Паметните луѓе му посакуваат на рудникот со отворен коп Неметали Огражден да го зголеми производството од денешните 40.000 тони Фелдспат и Калцит на 80.000 тони годишно

Паметните луѓе им велат на граѓаните дека рудниците со отворени копови не создаваат прашина која загадува во било кој регион (Радовиш-Конче или Струмичко-Валандовски) од едноставни причини: Во прашината е целиот метал и нема таков металург кој би ја пуштил во поле, а од друга страна тоа е возможно само ако низ овие региони помине ураган со силина на „Катрина“ која го уништи Њу Орлеанс и ако Струмица и Радовиш се пристаништа на Атлантски океан.

Паметните луѓе им велат на граѓаните, знаеме дека Ви се закануваат по живот и тоа физички или пак економски (да Ви ги уништат полињата со земјоделските производи)

Паметните луѓе им велат на граѓаните безбедносните агенции ќе ги известат или веќе ги известиле за односот на насилниците и нивната заштита од Центарот за Моќ

За ЕКО (РУ)СИЛНИЦИТЕ може да се зборува уште многу, ама тоа во следните колумни.

П.С.

Се замолува пратеникот Крмов од Левица пред да зборува за рудникот кај Пробиштип и Кратово да научи две работи, а да запомни една:

Рударство не е тешка металична индустрија
Рудникот е инвестиција од Австралија што е континент и водечка рударска сила, а Австрија е во Европа и има скијачки центри
Рудниците градат градови и оживуваат села и обновуваат пасишта и врз рударски окна и инвестираат во сточарството, како што е примерот со Велшкото Јагне кое е најскапо на менито во Велика Британија.

И затоа на Крмов му порачувам: Не го срами Апасиев и Левица со зборување невистини.

Да живее Македонија