Жешка тема отвори попладнево потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во интервју за ТВ Алфа на претседателот Стево Пендаровски му фрли ракавица и го праша дали се среќавал со странски стратег за изборни кампањи и анкети? – Пендаровски демантираше, но редакцијата на Радио Лидер од извори во кабинетот на претседателот го доби идентитетот на прилично скапиот Израелец кој му бил гостин на Пендаровски.

-Да му фрлам ракавица на Стево Пендаровски да каже дали е вистина или не дека пред некое време скоро сега, зборувам за денови максимум недели, не за месеци и години, бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и на анкети? Тој по потекло бил од Израел, а кој што случајно во минатото но и сега има работено во една соседна држава за тамошниот претседател, во друштво со одредени лица од Романија и Хрватска. И да го прашам дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во Антикорупциската комисија? Затоа што ако не го пријави е кривично дело. И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства? – праша Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде дека на Пендаровски овие експерти му се залудни затоа што кога не му се допаѓаат анкетите ги менува анкетарите.

Дали демантот може да ја покрие вистината?

Претседателот Стево Пендаровски експресно демантираше дека се среќавал со стратег од странсто.

-Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти. Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети. – напиша Пендаровски на неговиот фејсбук профил.

Сепак висок извор од кабинетот на претседателот за Радио Лидер брифира дека претседателот имал средба со Асаф Еисен, мистериозниот политички „Маг“ од Израел кој работи за српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Информацијата која ја сподели Николоски е точна, Пендаровски имаше консултации со Асаф Еисин. Дали се договорија за изборна соработка или стануваше збор за преговори или некаква форма на консултации околу неговиот наратив, не можам да коментирам. – вели нашиот избор од претседателскиот кабинет.

Кој е Асаф Еисин?

Контроверзниот Израелец Асаф Еисин е консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија. Сепак, Асаф не е исклучиво „човекот на Вучиќ“, туку го користел своето ПР знаење во политичките кампањи од Триглав до Карпатите.

Можеби најдобриот опис за Еисин е – човек од сенка, а притоа би се додало „длабока сенка“. Пребарувањето на Google за неговото име не открива многу – го има во неколку медиумски извештаи за кампањата во Србија, главно како „Израелот на Вучиќ“, неколку текстови од црногорски, романски и словенечки медиуми, со чија помош можно е да се изготви деловниот профил на Ајсин. Претседател е на консултантската агенција ESBR од Лондон, а соработувал со политичари во Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Србија и Романија.

Претходно тој работел и за Борис Тадиќ, но и за Ненад Чанак, кои своевремено му беа опоненти на Вучиќ. Но подоцна е преземан од страна на српскиот претседател.

Еисин, барем според регионалните медиуми, работел и во изборната кампања на Миро Церер. Според словенечките медиуми, Еисин бил поврзан со израелската армија, односно Мосад, но повеќе информации за овие наводи нема. Како политички консултант, тој во 2014 година се нашол и во Бања Лука, каде, според медиумите, водел кампања за СДС. Една година подоцна, тој работел како стратег на кампањата на израелскиот политичар Исак Херцог, а според романските медиуми, Социјалдемократската партија на Романија треба да му се заблагодари на Асаф за изборната победа во 2016 година.

Истата година Еисин работел и на предизборната кампања на црногорската ДПС предводена од Мило Ѓукановиќ, а интересно е што на црногорските избори таа година „учествуваше“ уште еден Израелец – споменатиот Арон Шавив, креаторот на победата на Бенјамин Нетанјаху.

Асаф Еисин припаѓа на школата за политички консалтинг основана од Тал Силберштајн – израелски политички консултант и претприемач, најпознат на западната јавност како актер во скандалот што ја потресе Австрија во 2017 година и го одведе во илегала. Во исто време, во Израел, Силберштајн се соочи со обвинувања за перење пари.

Ќе одговори ли Пендаровски?

Останува на претседателот Стево Пендаровски да одговори дали и зошто се среќавал со Еисин? Што договарал на средбите и дали можеби како и кај другите клиенти и кај него озлогласениот Израелец ќе работи во сенка? Изворите од неговиот кабинет се децидни дека средба постоела, а и децидни се податоците дека тој влегувал во земјава