Пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра, која сакаше да ја издаде владата – дознава Радио Лидер
Како што дознаваме, причината за пропаѓањето е тоа што министерот за правда во заминување Никола Тупанчевски одбил да ја потпише.
Според правилата, за да се издаде еврообврзница покрај од другите, треба да има потпис и од министерот за правда.
Нашиот извор вели дека ова целиот процес го враќа на самиот почеток и од ново ќе треба да се издава еврообврзница, затоа што оваа пропаѓа.
Целта на ова задолжување беше да се покријат старите задолжувања.