Неофицијално дознаваме дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп.

Според информациите до кои дојдовме, лицето било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти, како противуслуга за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Она што го прави случајот особено сериозен е сомнението дека станува збор за практика во која раководното лице барало и примало парични средства за позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти.