Струјата е многу поскапена, па и повеќе од 20%. Таа сега, од старт, е зголемена за 5 до 10 пати. Ако не се најде начин како да се спасиме, тоа е и за 10 пати поскапа електрична енергија, вели за Алфа Горќи Манасков, енергетски експерт.

Експертите велат за да нема рестицкии, потребно е државата сериозно да поработи за да се надокнадат недостатоците, зашто не се знае до кога ќе не толерираат државте од енерегетскиот систем од каде црпиме големо количество струја.

Верувам дека ќе се најде начин, верувам дека за граѓаните ќе има електрична енергија, но ако не се намалат даноците на 0, и ако компаниите немаат електрична енергија – нема кој плати да дава, значи буџетот нема да се зголеми ако фирмите не функционираат, затоа мора да се преземат ургентни мерки, додава Манасков за Алфа.

За зголемување на домашното произвдоство „ЕСМ“ увезува јаглен и за ТЕЦ „Осломеј“ но и за третиот блок од РЕК „Битола“, а веќе од следната недела ќе има и јавен повик за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Капак на се е неодговорниот однос од државата, зашто сред бел ден, речиси сите улични осветлувања горат како да нема проблем. Бандерите долж булеварите, надлежните ги забораваат вклучени.

Во меѓу време, ако државата не ги преземе трошоците кои сега се трупаат за да се обезбедат недостатоците од струја, поради недоволното домашно производство, можни се и рестрикции, велат експертите.

За да се ублажи енергетскиот удар од РКЕ велат дека радијаторите ќе почнат да се стоплуваат уште од три часот изутрина и дека ова нема да ги зголеми сметките за парно.

Стабилизација на состојбата во енергетскиот сеткор се очекува дури кон средината на следната година.