Денеска имаме целодневневен перформанс, почнувајќи од отворањето во 10 часот па до затворењето во 22 часот. Ќе има многу музика, активности за најмладите, така што денот ќе се одбележи свечено со многу активности, изјави за „Утрински брифинг“ Игор Давков, извршен директор на „Ист гејт мол“.

– Самиот Трговски центар е инвестиција која надминува 103 милиони евра. Тоа се средства инвестирани во време на пандемија. Ист гејт мол индиректно генерира некаде одолу 2.500 работни места. Има нови брендови, а со тоа парите на нашите граѓани ќе останат тука, вели Давков.

– Самите проекции укажуваат дека се очекува раст на малопродажбата и тоа би требало да придонесе за економски раст на целата држава, вели Давков.

Целиот разговор погледнете го во видеото: