Најмалку две лица загинаа, а осум се водат како исчезнати, при две наводни експлозии на гас во рудник за јаглен во јужна Полска, соопшти компанијата која стопанисува со рудникот.

– Дваесет и едно лице се ранети. Не можеме да воспоставиме врска со осум лица кои работеа таму, изјави раководителот на рударската компанија JSW, Томаш Кудни за локалните медиуми.