Плинска боца експлодирала во стан лоциран на улицата „Тоде Думба“ во Куманово. При експлозијата е предизвикана материјална штета, но нема повредени лица, соопштија од кумановската полиција.

Случајот бил пријавен вчера во 14:35 часот, а станот во кој се случил инцидентот е во сопственост на педесет и едногодишниот В.Ѓ.

Од силината на експлозијата биле оштетени прозорците и дел од покуќнината во просториите.

Пожарот што избил по експлозијата бил целосно изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица во Куманово. На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Куманово со цел утврдување на сите околности.