Саит Саитов, 19-годишник од Скопје, денеска е екстрадиран од Република Србија во Македонија.

Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за кривични дела поврзани со безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Според МВР, Саитов се сомничи и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Станува збор за кривично-правен настан што се случил во Скопје на 9 јануари 2026 година.

По екстрадицијата, на Саитов му е определена мерка притвор. Тој е предаден во Затвор Скопје, каде ќе ја чека понатамошната постапка.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста, откако Саитов по несреќата беше недостапен за органите на прогонот.