Владата ќе создаде сопствен паричник со биткоин, наречен Чиво, што на сленг значи „кул“.

Парите ќе бидат депонирани на сметката на секој граѓанин што ќе ја преземе апликацијата за Чиво и ќе се регистрира како корисник со неговиот телефонски број и матичниот број, пренесе СЕЕбиз.

Законот со кој биткоинот ќе стане легално средство за плаќање стапува на сила на 7 септември. Букеле верува дека овој потег ќе го претвори Салвадор во привлечна дестинација за инвеститорите, ќе ја поттикне потрошувачката и ќе ги намали трошоците за милиони државјани на Ел Салвадор кои работат во странство и испраќаат пари дома.

Паричникот Чиво ќе биде достапен за преземање во септември и ќе биде компатибилен со други паричници за биткоин.