Евентуално енергетско примирје би можело да биде првиот сигнал за вистинската подготвеност на Русија да ја заврши војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според неговите зборови, Киев е целосно подготвен за трилатерални разговори на ниво на технички групи кои треба да резултираат со конкретни решенија.

„Енергетско примирје како прв чекор, верувам дека е првиот сигнал“, рече Зеленски.

Како што појасни шефот на украинската држава, на таков состанок би можело да се развие сеопфатен документ за завршување на воениот конфликт. Тој нацрт-документ би можел да содржи прецизен договор за заемно енергетско примирје или целосна деблокада на поморскиот сообраќај.

Зеленски претходно информираше дека Украина, САД и Русија веќе се согласиле да одржат трилатерален состанок на ниво на преговарачки тимови, а истиот е предвидено да се реализира во текот на првата половина на ноември.