Во земјава во последните 24 часа регистрирани се девет новозаразени и тројца починати. Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.
Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 118 нови случаи на зараза со што бројот на активни случаи во земјата денеска изнесува 552. Починале четири лица. Пред седум дена во Хрватска имаше 113 новозаразени, а две недели претходоно имаше 468 позитивни. Оваа недела бројот на новозаразени е 348, што е 25 отсто помалку отколку претходната недела. Моментална инциденца е 27,9, најниска е во Истра, а највисока во Задарската општина -146,9.
Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, Република Српска, Федерација БиХ и Брчко дистриктот, регистрирани се 15 новозаразени лица, 11 помалку во однос на претходниот ден. Тестирани се 1904 примероци, 500 повеќе отколку вчера. Во БиХ денеска се регистрирани 15 новозаразени лица, три помалку во однос на вчера, додека во Република Српска денеска нема новозаразени, ниту починати, како ниту во дистриктот Брчко. Во БиХ е пријавено и едно починато лице, едно помалку во однос на вчера.
Според последните податоци за епидемиолошката состојба во Црна Гора исто така нема починати, а 14 лица се новозаразени. Тестирани се 1089 лица, а според моменталната состојба во земјата активни се 270 лица.
Албанија тестирала 2083 примероци, од кои има две новозаразени лица, додека и денеска нема починати, а активни се само уште 78 лица.
Словенија тестирала 2161 примерок од кои 46 се новозаразени со корона вирус. Уделот на позитивни во однос на бројот на тестирани изнесува 2,1 отсто. Нема податоци за бројот на починати лица.
Унгарија пријавила осум починати пациенти и регистрира 66 новозаразени. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 40.697.
Во Бугарија се регистрирани 62 нови случаи од 9649 тестирани. Активни случаи се 9431. Пријавени се и девет починати лица со што бројката на починати е зголемена на 18.022.
Во Романија се регистрирани 65 нови случаи на зараза од повеќе од 30 илјади тестирани со различни методи. Пријавени се 140 смртни случаи со што бројката на починати како последица од ковид од почетокот на епидемијата изнесува 32.911.