Во септември ќе им се суди на убијците на Вања и Панче
Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 – ти септември.
Видевски, Манев и Кешишов се товарат како соизвршители во грабнувањата и убиствата на двете личности. Во оваа категорија спаѓа и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање.
„Ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година“, стои во соопштението од Кривичен суд.
Основното јавно обвинителство во мај поднесе обвинение против овие четири лица. Се чека и обвинението за Палчо.
Скопското обвинителство предложи спојување на постапката на Палевски со останатите
Одлагањето на расправата е по барање на Скопското обвинителство, кое предложи спојување на постапката во која првично беа обвинети четворица со постапката против првоосомничениот Палевски, за кого истрагата веќе заврши.
Епилог на повидок
Заврши истрагата и за Стефан Димовски, кој го возел Палевски од Србија до Турција, постапката ќе се води одвоено. Се очекува по судењето и останатите осомничени да добијат конечен епилог. Според многу сценарија може да завршат по 19 години во затвор, но засега ова се само шпекулации.