Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Турција се противи на каква било странска интервенција во Иран.

„Турција ги цени мирот и стабилноста на своите соседи“, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган истакнал дека решавањето на проблемите без понатамошна ескалација е од корист и за Анкара.

Во разговорот, двајцата претседатели размениле мислења и за билатералните односи меѓу двете земји, како и за актуелните регионални прашања, се наведува во соопштението, објави Скопје1.мк.