Актуелниот градоначалник на Липково, најверојатно ќе биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина на претстојните локални избори, што треба да се одржат во октомври.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави вечерва дека, до Генералниот совет на партијата, ќе го предложи Арифи за кандидат за градоначалник на Липково.
Според Ахмети, Арифи има едногласната поддршка од сите локални совети, ограноци и граѓани затоа што, како што оценува, работел добро за жителите на Липково.
Со ова, владејачката ДУИ, практично, ја почнува постапката за избор на кандидати за градоначалници, но и за советници на годинешниве локални избори.
На последните локални избори, во 2017 година, ДУИ настапуваше во коалиција со СДСМ, така што двете владејачки партии излегоа со посебни листи за советници, но со заеднички кандидати за градоначалници во општините со мешан етнички состав. Тогаш ДУИ освои 10 градоначалнички места, така што наскоро ќе се знае уште колкумина од нив ќе добијат поддршка за нова кандидатура.