Информациите до кои дојде Алсат се дека на овој четврти тенден ниту една компанија не доставила понуда, со што ќе биде распишан уште еден нов тендер.
Според нашите информации причината што државната ЕСМ не доставила понуда е тоа што засега немаат обезбедено 100 отсто од потребната струја за сите 12 месеци од 2022 година, туку засега со сигурност имаат електрична енергија за задоволување на потребите на граѓаните за само 10 месеци од идната година.
Инаку, ниту на претходните три последователни тендери ЕСМ не поднесе понуда,тогаш причина според државните електрани беше тоа што не била изготвена пресметка за предлог цената по која ќе се продава струјата на Универзалниот снабдувач. Алсат веќе објави, а потоа информацијата ја потврди и министерот за економија, Крешник Бектеши, дека од први јануари струјата ќе поскапи за девет отсто.