Дритан Абазовиќ – претседателот на Владата на Црна Гора во технички мандат денеска изјави дека смета оти ЕУ мора да го заживее процесот на проширување доколку сака да остане привлечна за новите членки. На тој начин, според него, треба да го спречи влијание на трети страни во регионот.

Оваа изјава на Абазовиќ е од Форумот за безбедност во Варшава, на тема „Глобални предизвици, глобални коалиции? Како може колективниот Запад да изгради партнерства во надворешната политика“.

– Додека важните одлуки се одложуваат, трети страни бараат простор да отворат нови жаришта на Западен Балкан – рече Абазовиќ.

Тој нагласи дека Црна Гора ги испочитувала сите пакети санкции што беа донесени за да се потисне руската агресија врз Украина.