Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека и Русија треба да даде свој придонес, изјави претседателката на ЕК за германската телевизија ЗДФ.
Комисијата во средата предложи заем од девет милијарди евра за Украина, со цел да ја одржи земјата додека се бори во одбрана од руската инвазија.