Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Томас Холес им донесе водство на Чесите во 68. минута, а конечниот резултат го постави Патрик Шик во 80. минута.

Холандија од 55. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Матијас Де Лихт во 55. Минута поради намерно играње со рака пред својот шеснаесетник.

Противник на Чешка во четвртфиналето ќе биде Данска. Овој меч ќе се игра на 3 јули во Баку.