Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Во интервју за бугарскиот БНТ на прашањето како може да влијае врз Скопје да ги направи уставните измени, Кос порача дека верува оти со новата бугарска Влада ќе се најде начин процесот со Македонија да продолжи.

„Ова е многу добро прашање и би била многу среќна ако го искористиме овој момент на проширување и за Македонија. Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Македонија. Секако, владата во Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу  Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Македонија.“