-Оваа операција, позната како Dark HunTOR, се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД, соопшти агенцијата Европол, со седиште во Хаг.

Вработените во Европол заплениле повеќе од 26,7 милиони долари во готовина, како и повеќе од 230 килограми дрога и 45 парчиња оружје.

Терминот „темна мрежа“ опишува делови од светската мрежа во која се крие идентитетот и локацијата на корисниците, а тие самите комуницираат преку шифрирани пораки. Таа е опишана како „Дивиот Запад на Интернетот“ бидејќи ја користат криминалци, екстремисти, хакерски групи и други.