Во неговата анализа се вели дека во Унијата постои поделеност околу потребата за ширење и брзината со која треба да се примаат земјите, па ваквиот предлог кој Словенците го дале во петокот на амбасадорскиот состанок во Брисел ги изненадил другите земји-членки, пишува „Фајненшл тајмс“.
-Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, го дале пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел и наишол на вџашеност кај другите земји-членки на Унијата. Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот. , пишува Фајненшл тајмс.
Предлогот на Словенија, доаѓа во време кога во унијата се дебатира дали во заклучоците од самитот во среда воопшто да стои зборот „проширување“, а камо ли да се дадат некакви ветувања.. Сепак, премиерот Заев, очекува јасни сигнали и недвосмислени пораки дека процесот е жив..
– Верувам дека со соодветни формулации на реченици, со конкретни гестови, со сериозни одлуки ќе се испрати таа порака на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и јасна. Затоа што ова е обострано потребен процес. Да, нам ни треба затоа што сите земји од Западен Балкан нашата иднина ја гледаме во ЕУ, но и ЕУ знае дека и треба Западен Балкан. Пораките мора да бидат чисти и верувам дека тоа ќе се случи в среда, на 6 октомври. Ќе биде дополнителна мотивација меѓу Бугарија и Македонија навистина до крајот на годината да ја завршат оваа работа, ги затворат отворените теми и отворат едно ново поглавје на соработка, изјави Заев.
Заев најави дека на самитот во Брдо, на кој ќе присутсуваат и Меркел и Макрон, ќе има средба и со бугарскиот претседател Румен Радев.. Премиерот како позитивна ја оценува пораката од неговиот бугарски колега Јанев кој во интервју за БНТ најави поинтензивна диманика на разговорите по изборите во Македонија и Бугарија. Јанев изрази уверување дека двете држави спорот ќе го решат со дијалог и ќе најдат вистинска формула.
– Бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите народи во ЕУ. Не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ, од една страна. Од друга страна, ние треба да се фокусираме на дијалог и постојан контакт со властите во Република Македонија, да бараме решение во име на нашата заедничка иднина, а не да се закопуваме во минатото“, изјави техничкиот премиер на Бугарија.
Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, министерот за надворешни работи Османи од утре почнува дипломатска офанзива во Германија каде ќе се сретне со неговиот германски колега Хајко Мас, и со државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот. Во наредните денови Османи ќе ја посети и Полска, а турнејата ќе ја заокружи со учество на ЕУ Самитот.