На 12 март, при претрес во домот на осомничениот 44-годишник биле пронајдени фалсификувани 12.885 евра, 250 швајцарски франци и 40 кувајтски динари.

Лажните банкноти во различни апоени осомничениот имал намера да ги пушти во оптек како вистински.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да ја попречува истрагата и да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​