Претседателот на возобневената, првоформирана македонска политичка партија МААК, Страшо Ангеловски, по повод денот на победа над фашизмот одбјави колумна за порталот денешен.мк.

„Деновиве, ја славиме 76-та годишнина од победата над фашизмот, едно од двете најголеми идеолошки зла што човештвото ги преживеало. Второто, комунизмот од сталинистички тип, преоблечено во неолиберално руво, за жал, токму денес ги живее своите најуспешни години.

Можеби некому ова ќе му звучи контрадикторно, дури и нелогично, но, мораме да знаеме дека обете зла потекнуваат од еден ист центар, од земјите на западнохристијанската демократија, дека имаат извонредно многу сличности, посебно во методите на дејствување и дека основната разлика е што фашизмот, заедно со нацизмот, претставува клерикална, а комунизмот атеистичка идеологија.

Зошто е ова битно?

Центрите на моќ, кои, како и денес, постоеле и во времето на појавата на комунизмот и нацизмот,најпрво успешно го инсталирале комунизмот во најголемата православна држава во светот, тогашна царска Русија. Преку комунизмот, успеаја да и го зададат најтешкиот удар на православната црква во Русија дотогаш, а по инсталирањето на комунизмот во останатите православни држави, под превезот на атеизмот, се уништуваа православните цркви и православната вера во нив.

Комунизмот, како официјална идеологија го промовираат Маркс и Енгелс во 1848 година, кога во “Лигата на праведните“ во Лондон најпрво го промовираат слоганот “Пролетери од сите земји обединете се“, а потоа, пишувајќи го “Манифестот на комунистичката партија“, ја преземаат “Лигата на праведните“ и и’ го менуваат името во Комунистичка партија.

Подоцна, преку формирањето на Комунистичката интернационала, комунистичката идеологија организирајќи “пролетерски револуции“се обиде да завладее со светот.

ФАШИЗМОТ, НАЦИЗМОТ И ВАТИКАН

Малку подоцна, фашизмот и нацизмот беа инсталирани во западнохристијанските држави и имаа исклучителна поддршка од католичката црква, па наспроти источното христијанство кое беше систематски уништувано, западното христијанство го доживува својот процут.

Колку за пример, во Португалија, католичката црква преку кардиналот Серехеира му давала сесрдна поддршка на режимот на Салазар;

– Во Австрија, поглаварот Иницер го поддржувал австро-фашизмот на Долфус и Шушинг, а подоцна и нацистичкиот аншлус;

– Во Полска, католичката црква цврсто застанала на страната на Пилудски (и неговите наследници во период од дваесеттина години). Полскиот режим анектирал делови од Украина и Белорусија и промовирал акултурација на двете нации. Украинскиот и белорускиот јазик биле забранети во православната црква, православните верници и црковни лица биле затварани и убивани, а православните цркви биле уништени од моќните полски католици, што Ватикан го одобрувал со молчење;

– Во Италија, Црквата потпишала спогодба со Мусолини со која католицизмот станува државна религија, а Папата го прогласил Мусолини за “човек кого го води божјата провидност“.

– Во Германија во 1933 година, католичката партија “Центрум“, раководена од свештеникот Лудвиг Каас гласала за “Законот за полномошно“ со што Хитлер добил неограничена власт.

Целата колумна на авторот е претседател на МААК, Страшо Ангелов, може да ја прочитате тука.