Денеска (04.01.2023) во 16:20 часот на ул.„Лисец“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(27) од Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување на шест години и два месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.