Полицијата по претходно добиена судска наредба вчера изврши претрес во домот на Т.Б.(41) од Скопје, кој бил фатен и лишен од слобода веднаш по извршено кривично дело „кражба“ во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба.

При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.