Полициски службеници од СВР Скопје вчера го повикале на разговор А.А. (36), затвореник во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршено на 08.05.2020 во објект во градба на улицата „Мајка Тереза“, каде е оштетено правно лице.

Како што информира МВР, при извршениот разговор сторителот го признал делото, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.