Куршум завршил во возило паркирано во Скопје. Вчера во 8 часот и 55 минути сопственикот на возилото забележал оштетување на кровот од неговиот автомобил марка „хонда“, со битолски регистарски ознаки, по што пријавил во полиција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а залутаното зрно било пронајдено во предниот дел на хаубата.

При падот на зрното, во возилото немало никој. Зрното е подигнато за понатамошна постапка.