Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Прилеп, вчера во 12:20 часот ги лишиле од слобода Ќ.Ш.(40) и Р.А.(43).
Како што соопшти МВР, тие биле затекнати при кражба на предмети од фабрика на ул.„Александар Македонски”.
Одземените предмети се вратени на сопствениците, а по документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.