На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како двајца млади момчиња крадат велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром.

Видеото го објави Бојан Скендеровски во групата „Општина Аеродром – граѓанска патрола“, каде напиша:

„Украден точак пред Атлета… Ако ги познава некој идиотиве нека исконтактира. Следува парична награда“.

На снимката може да се забележи како едното момче го зема велосипедот, додека другото стои во близина и најверојатно чува стража.