На денешната седница на Советот на јавните обвинители се избраа и петмина обвинители во Вишото обвинителство.
Во ова обвинителство отсега дел ќе биде и обвинителката Фатиме Фетаи, за која гласаа 9 членови од Советот.
На денешната седница за виш јавен обвинител беше избран и Наум Пановски, кој доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а беше избран со 10 гласови, како и Сашо Рајчев, актуелен шеф на скопското јавно обвинителство, за кого гласаа 11 членови. Дел од овој тим станува и Бурим Рустеми, од поранешното СЈО, кој беше избран со 10 гласови. Петиот избран обвинител е Снежана Бундалевска Георгиевска, која беше избрана со 11 гласови.
Советот на јавните обвинители на денешната седница избра и 5 обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. На денешната седница во тимот на Вилма Русковска беа избрани и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.