ВАШИНГТОН (АП) – Федералните резерви (ФЕД) ја продолжија својата едногодишна борба против високата инфлација со зголемување на основната каматна стапка за четвртина поен и покрај загриженоста дека повисоките стапки на задолжување би можеле да го влошат банкарскиот систем.
„Банкарскиот систем на САД е здрав и издржлив“, се вели во писмената изјава на ФЕД.
Во исто време, ФЕД предупреди дека финансискиот пресврт што произлезе од колапсот на две големи банки „веројатно ќе резултира со построги кредитни услови“ и „ќе влијае врз економската активност, вработувањата и инфлацијата“.
Централната банка, исто така, сигнализираше дека најверојатно се приближува кон крајот на својата агресивна серија на зголемувања на стапките. Во соопштението што го објави, го нема претходниот говор што укажуваше дека ќе продолжи да ги зголемува стапките на претстојните состаноци.
Претставниците на ФЕД прогнозираат дека очекуваат да ја зголемат основната стапка само уште еднаш – од денешното ново ниво од околу 4,9 отсто на 5,1 отсто. Тоа е истото максимално ниво што го проектираа во декември.
Најновото зголемување на стапката сугерира дека претседателот Џером Пауел е уверен дека Банката на федерални резерви може да се справи со двојниот предизвик: да ја стабилизира сѐ уште високата инфлација преку повисоки стапки на заеми, истовремено смирувајќи го финансискиот пресврт во банкарскиот сектор преку програмите за итни заеми и одлуката на администрацијата на Бајден да ги покрие неосигурените депозити во двете сега пропаднати банки во САД.
Одлуката на Банката на федерални резерви да сигнализира дека е на повидок крајот на кампањата за зголемување на каматните стапки, исто така, може да ги смири финансиските пазари бидејќи тие продолжуваат да се борат со последиците од банкарскиот превирања во САД и преземањето минатиот викенд на швајцарската банка Кредит Суис од нејзиниот поголем ривал.