Псаки рече:
– Фејсбук, кој е сопственик на Инстаграм и WhatsApp, треба да работи понапорно за да ги отстрани неточните информации за вакцините од својата платформа
Портпароллата на Белата куќа тврди дека 12 лица се одговорни за скоро 65 проценти од дезинформациите против вакцините на социјалните мрежи.
Ова се податоци од извештајот на Центарот за борба против дигиталната омраза, но Фејсбук ја проблематизира методологијата на истражување.
– Сите останаа активни на Фејсбук, рече Псаки. Таа додаде дека мрежата „треба побрзо да ги брише штетните насилни објави“.
Шефот на американското јавноздравствената служба Вивек Мурти тврди дека се зголемува бројот на дезинформации за ковид-19 и вакцините, што ја отежнува борбата против пандемијата.
Фејсбук не одговори веднаш на барањето за коментар на изјавите на Белата куќа. Платформата воведе правила против лажните тврдења за ковид-19 и вакцините, но експертите и политичарите долго време се жалат дека контролата на содржината е слаба.