Фудбалски бунт почнува во Кавадарци поради обесправувањето на локалниот фудбалски клуб од страна на ФФМ. Членот на УО на ФФМ од Кавадарци си поднесе оставка по чинот.
Се разгоруваат страстите во македонскиот фудбал откако ФФМ брутално ја смени одлуката каде да се игра бараж натпреварот помеѓу ГФК Тиквеш од Кавадарци и Воска Спорт од Охрид.
Денешната ждрепка одлучила натпреварот помеѓу овие два фудбалски клуба да се одигра на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп, но од ФФМ ја смениле одлуката и одлучиле натпреварот да се одигра во Скопје.
На ова веднаш реагираа од кавадаречкиот клуб од каде не ја прифаќаат одлуката која значи притисок и дека нема да играат во Скопје.
Познавачите на спортските прилики велат дека станува збор за етничка дискриминација од ФФМ кон Тиквеш кој важи за доминантно македонски клуб.
По неправдата падна и оставка од членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Сашко Тасев кој си заминува од раководното тело откако куќата на фудбалот пред нешто повеќе од час ипол ја смени својата првична одлука баражот Тиквеш – Воска Спорт да се игра на Националната Арена во Скопје, а не како што првично беше одредено на „Гоце Делчев“
После пладневната ждрепка во која Тиквеш ја доби Воска Спорт за противник во баражот, а Беласица го доби Скопје во вториот, ФФМ информираше дека двата меча ќе се играат во недела (22 мај) од 17 часот, првиот дуел на кавадарчани со охриѓани во Прилеп, а тој на струмичани со „пиратите“ во Штип. Но, нешто после 16 часот, од ФФМ дојде нова информација за промена на теренот, па Тиквеш и Воска наместо во Прилеп сега треба да играат во Скопје.
Скандалозна е одлуката на натпреварувачката комисија на ФФМ после неколку часа да се промени местото на одигрување на баражот помеѓу Тиквеш и Воска. Од необјасниви причини оваа комисија не знам зошто донесе скандалозна одлука обидувајќи се да внесе недоверба помеѓу клубовите со што се компромитира цела натпреварувачка сезона. Ова е недозволиво,се прелеа чашата. Фудбалот е спорт,штета што политиката е влезена на големи врати. – вели Тасев за Радио Лидер.
Тасев во УО на ФФМ влезе како претставник на ОФС Кавадарци, од каде што е и градската гордост Тиквеш, кој сезонава неколкупати сериозно беше оштетен на мечевите во Првата лига и посебно во пролетниот дел од сезоната неколкупати гневно реагираше на судиските одлуки, меѓу кои и еден недосуден чист гол кој само судиите не го видоа на меч со Академија Пандев.
Воска спорт, пак, сезонава се претвори во милениче на ФФМ, на чии мечеви се судеа пенали во „стота“ само за охридскиот клуб да дојде до баражот и да проба да влезе во македонската елита.