Македонија на денот на востанието (11-ти октомври) ќе ја пречека моќната Германија на домашен терен, натпревар за кој ФФМ денеска излезе со подетални информации поврзани за износот на влезниците, но и за Ковид протоколите кои ќе мора да се запазат при влегувањето на стадион.
– Влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари за западната трибина, 300 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната трибина и блоковите 13, 18, 19 и 24 од северната трибина и 500 денари за централните блокови од јужната и северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“, – гласи објавата на ФФМ.
Фудбалската Федерација ќе ги пушти билетите во продажба од утре (4-ти октомври) преку својот официјален партнер МК Тикетс, а со оглед на регулативата, ќе биде дозволена исполнетост на капацитетот од 50 проценти.
Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест
– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да им бидат поддршка на „Рисовите“ за квалификацискиот натпревар против Германија.