Филип Темелковски, кандидат и актуелен градоначалник од СДСМ во Општина Кисела Вода, во дебатата на Телма со другите кандидати призна кривично дело.

Имено тој на прашање на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, за градење надвор од постоечки ДУП, одговори потврдно дека тоа е кривично дело.

-Хипотетичка ситуација, има постоечки ДУП, а тоа место за одредена локација е предвидено 4 ката и поткровје, според нов ДУП таму е предвидено 5 ката и поткровје, инвеститорот гради 5 ката и поткровје. Дали е тоа кривично дело?, праша Ѓорѓиевски.

На тоа Филип Темелковски изјави ДА, односно дека тоа е кривично дело.

На тоа Ѓорѓиевски истакна дека за истото имало и прес конференција и дека има барем десетина локации на кои се гради на тој начин.

-Ова се десетина локации каде Темелковски знаете, ова е само едно кривично дело за кое после ревизијата ќе одговарате, рече Ѓорѓиевски.