– Се тестираат деца во средните училишта во Скопје и во повеќе основни училишта во повеќе градови. Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак. Но, да почекаме се уште е рано. Тие родители кои не даваат согласност се оди на алтернатива на друго дете во класот согласно методологијата. Досега некаков отпор нема, не верувам дека ќе има. Апелирам да се свесни родителите дека со земање обичен брис не е никаков ризик и како метода многу ќе научиме за ситуацијата со епидемијата кај нас, рече Филипче.
Во врска со скринингот за хронично болните, посочи дека за скринингот разговараат со претставници на Светската здравствена организација и ќе ги вклучат и тие експерти и тоа ќе трае подолго време.
– Не е тоа анализа што може да ја завршиме за кратко време, ниту пак може нешто да научиме за кратко време. Сепак е тоа анализа на ситуацијата во однос на хроничните болести кај сите граѓани во нашата земја, така што тоа е процес што ќе започне и веројатно ќе трае повеќе месеци, истакна Филипче.
Во однос на постковид пациентите, појасни, има пациенти кои доаѓаат со различни симптоми што се манифестираат со срцеви или белодробни манифестации.
– Клиниката за пулмологија е таа што е референтна да ги прима, анализира, соодветно третира доколку треба постковид пациентите. Нема некој значаен наплив на пациенти, нема притисок кон Клиниката за пулмологија. Меѓутоа, има пациенти кои се јавуваат за преглед, додаде Филипче.