Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да можеме да ставиме крај на пандемијата.
– Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk a бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата. #ВакцинирајСе, напиша Филипче на Фејсбук.