-Спласнува пандемијата, паѓа бројката на новозаразени и се ослободуваат одделенијата кои досега беа КОВИД-центри, истакна министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“. Според министерот за здравство, се уште е рано да се тргнат маските, но може да се одржуваат организирани настани на отворено доколку продолжи овој тренд на спласнување на пандемијата со КОВИД.
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса. Ова олабавување може да се случи на почетокот на јуни, но за тоа ќе одлучи Комисијата за заразни болести.
Јавноста со оваа изјава на министерот за здравство Венко Филипче негативно реагираше дури и прашуваше како е можно маски на свадба да не се носат, но на отворено и кога сам шеташ задолжителна е заштитната маска.