Во денешнето гостување на телевизијата Канал 5, министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се вакцинира, изјави дека тоа може да се случи во текот на неделава со вакцинатата што веќе пристигна во голем број, кинеската „Синофарм“.

– Би сакал да дадам пример и да ги уверам граѓаните дека е вакцината е безбедна. Мислам дека е соодветно тоа да биде со кинеската вакцина, зарадитоа што таа сега е во најголема бројка на граѓаните, така да може да го организираме тоа и оваа недела која следи, рече Филипче.

Филипче рече дека до крајот на месецот мај ќе стигнат уште вакцини од производителот „Фајзер“, како и 500.000 дози што ќе стигнат во мај од вакцините на „Синовак“.