Филипче истакна дека за Ковид нема терапија, освен онаа која ќе пристигне за околу две недели.
– За оваа болест за жал се уште нема терапија освен една што за период од околу две недели ќе стигне во нашата земја, а тоа е она специфично антитело што е наменето специјално за оваа болест заради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со смртноста од Ковид-19, рече дека има земји кои имаат поголема смртност од нашата, дури и во некои земји во регионот Бугарија, Босна, Словенија, итн.
– Во секој случај секогаш кога има нов бран и зголемен број на случаи на новодијагностицирани се случува да расте и смртноста. Ние не сме исклучок, тоа е буквално правило насекаде. Тоа што можам одговорно да го кажам е дека во консултација и координација на сите директори, на сите експерти, инфектолози, специјалисти по интерна медицина им се пристапува на сите пациенти максимално професионално, се дава се што треба во однос на терпаевтскиот пристап што е унифициран и се темели на принципите на лекување што владее буквално во сите земји во светот, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по пристигнувањето на 20 000 вакцини „Спутник“ пред Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.