Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во вчерашно гостување на поткаст за првпат призна дека има златна виза за Дубаи. Ваквиот став се коси со она што досега тој го говореше и негираше златна виза.

Филипче наводно вели дека неговата златна виза не е поврзана со инвестиции.

Тоа беше пред да бидам пратеник и претседател на СДСМ, бев во преговори со болница таму и добро напредуваа преговорите и сега е на стенд бај тоа, рече Венко Филипче.

Ваквата изјава ги „разбуди“ политичките аналитичари.

 Со „златна виза“ во џебот, која му овозможува трајно да се исели од земјата што сака да ја води, од човек не бидува иден премиер или претседател, коментира Бранко Героски.

По ова негово признавање за златна виза за Дубаи се отворија многу прашања. Како тоа се дава златна виза за преговори? Зошто досега негираше и велеше дека тоа било пропаганда? Ако е вистина тезата, за каква приватна болница станува збор? Дали е болница или друг вид на бизнис?  Како преговарал Филипче дали како министер или приватно лице?

За потсетување Венко Филипче беше во Дубаи во друштво на познатиот пејач Харис Џиновиќ.

(ВИДЕО) Филипче на приватна журка во Дубаи со Заев и Харис Џиновиќ

Ваквата поврзаност на Венко Филипче и Зоран Заев со Дубаи наидува на многу обивнувања и од самите социјалдемократи. Венко Филипче и Зоран Заев се однесуваат како елитисти, а не како партијата која ја претставуваат – социјалдемократска.